•    Почетоци

Почетоците на ,, ОМ,,  датираат од далечната 1988 год. Во тогашното државно уредување, е формиран електроинсталатерски дукан,, ГРОМ,, кој даваше електроинсталатерски  услуги во полам обем. Со осамостојувањето на нашата држава и можноста за влез во приватен капитал во 1992 год. се трансформира во фирма ,, ОМ ,, со име кое симболизира единица мерка за отпор и го отсликува нашето работење давајќи отпор кон сите предизвици и потешкотии кои произлегуваат од опстанокот во модерното време..
.
Со тоа станавме меѓу првите приватни фирми која со своето квалитетно, чесно и напорно работење добиваме доверба кај нашите клиенти -инвеститори веќе 27 год.

•    Дејност

Основна дејност на ,,ОМ,,  дооел Скопје е изведба на електроинсталатерски работи и тоа:
- Јакострујни инсталации
- Слабострујни инсталации (телефонска, компјутерска, против - пожарна, алармна и ТВ инсталација)
- Громобранска инсталација
- Далноводи и трафостаници
- Ниско - напонски приклучоци
- Шемирање и поврзување на сите видови разводни табли и сите други работи поврзани со електриката.

•    Развој

За успешен развој и реализирање на барањата на клиентите и инвеститорите, располагаме со стручно оспособени и искусни кадри, деловно-производствен простор, современи машини и алати, сопствен возен парк стремејќи се кон подобрување на материјалните и човечките ресурси кои би се рефлектирале со зголемена ефикасност и квалитет во реализирањето на услугите.

•    Покана

Нашето долгогодишно искуство на полето на изведба на електрични инсталации и многубројните изведени објекти се покана до Вас да оствариме успешна деловна соработка и заеднички да реализираме нови идеи и проекти.

Ви благодариме на вниманието,

,, ОМ ,, дооел Скопје